06 Мај, 2024
0.0248

Светска туристичка организација: Македонија во Топ-10 дестинации со пораст на посети

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Меѓународната туристичка организација ја објави листата на топ-десет европски дестинации, кои во 2017 година имале најголем пораст во туризмот, а Македонија се најде на истата, позиционирајќи се на шестото место.

Македонија има раст на туристичките посети од 23,5 отсто во 2017 споредбено со една година претходно и тоа ја сместува само зад Сан Марино (31,1 процент), Грузија (27.9), Израел (24.6), Турција (24.1) и Исланд (24.1), а пред 

Азербејџан (20), Молдавија (19.6), Босна и Херцеговина (18.7) и Ерменија (18.7).

Реално, Македонија влегува во Топ-пет со најголем раст, бидејќи првото место на Сан Марино е номинално, односно станува збор за џебна-држава во Италија која наместо 60 странски гости во 2016-та, ја посетиле 78 цела 2017-та и тоа го прави скокот од 31,1 отсто.

Сепак, влегувањето во Топ-10 најбрзорастечки дестинации не треба да не залажува, бидејќи Македонија од странските посетители во 2017-та заработила само 327 милиони долари и од цела Европа подобри сме само од Молдавија со 312 милиони долари. Пред Македонија, односно трета од долу, веќе е Белорусија со 790 милиони долари. 

Според горенаведените податоци, се повеќе и повеќе туристи патуваат на исток. На листата на десет дестинации со најголем пораст во туризмот оваа година, постојат четири поранешни земји на Советскиот Сојуз и две земји од Балканот.

Најголем пораст е забележан во 2017 година во Сан Марино, џебната држава во северниот дел на Италија, лани ја посетиле 30 отсто повеќе туристи во однос на претходната година, покажуваат бројките на Меѓународната туристичка организација.

Повеќе од 20 проценти пораст во туризмот во 2017 година е забележан од страна на Грузија Израел, Турција, Исланд и Македонија на шестото место.

Листа на земји може да изгледа малку необично, но треба да се напомене дека бројките покажуваат пораст на туризмот во секоја од земјите, но тоа не значи дека овие дестинации се најпопуларните меѓу туристите. Растот на туризмот во досега помалку популарните земји го овозможува отворањето на нови авионски линии и понудата на нискобуџетни летови во повеќе земји. Ова им овозможува на луѓето да истражуваат нови дестинации, а во исто време да се оттргнат од масовниот стереотипен туризам во градови како Барселона и Венеција.

Во Македонија имало 631.000 туристички пристигнувања во 2017-та, нотира меѓународната федерација. Една година претходно имало 510.000, а во 2010 само 262.000. Заработката од странци минатата година била 327 милиони долари, или за 47 милиони долари повеќе од лани. 

Тоа е сепак многу помалку од блиските земји по оддалеченост, развој и големина  Ерменија лани извадила 1,12 милијарди долари од странски туристи, Азербејан е со 3 милијарди, Бугарија со 4 миијарди, Грузија (2,75 милијарди), Албанија (1,9 милијарди), БИХ (826 милиони), Хрватска (10,9 милијарди), Грција (16,5 милијарди), Израел (6,8 милијарди), Црна Гора (1,0 миилијарди), Малта (1,7 милијарди), Србија (1,3 милијарди), Словенија (2,7 милијарди) се тука.

Се очекува Македонија за 2018, кога ќе биде изготвен следниот извештај, да има уште подобри резултати. Девизниот прилив во првата половина на 2018та година, по основ на туризам, бележи пораст од 26,6% за разлика од истиот период минатата година. Вториот квартал од 2018та година изненади со раст од неверојатни 87,1 милиони американски долари по основ патувања во Македонија, што е за 27,5% повеќе од минатата година.

Вкупниот девизен прилив во првите шест месеци од 2018та година од ставката туризам изнесува 151,3 милиони американски долари. Се очекуваат многу повеќе пари во евиденцијата за втората половина, кога ќе се земат во предвид летните емсеци јули, август и септември.

Земајќи го предвид досегашниот тренд на пораст, очекувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за 2018та година се дека оваа година ќе биде регистриран најголем пораст досега во поглед на бројот на туристи и ноќевања.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години