„СВОЕВОЛИЕТО НА ДИРЕКТОРКАТА УНИШТУВА МНОГУ ЖИВОТИ, ЈА УНИШТУВА КЛИНИКАТА“: реакција од лекарскиот колегиум на клиниката „Козле“

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2025
Остра реакција и барање за замена на директорката на Детската клиника - Козле стигна од самиот лекарски тим до медиумите.
Како што е наведено во писмот, лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска.
Нивното барање за разрешување на директорката е поттикнато од „последна скандалозна одлука за колешката д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство“, која добила отказно решение за што докторите бара итно враќање на нивната колешка на работа од страна на институциите на системот.
- Последниот скандал што ја потресе клиниката, лекарите како и нашите пациенти е дека д-р.Веселинка Јосифовска Митровска е бескрупулозно избркана од работа. Во отказното решение добиено од раководството таа е обвинета дека физички присуствувала во кабинетот за бронхоскопија кога се интервенирало на вадење на страно тело од дишните патишта на еден од нашите пациенти.
Присуството на колешката само ја потврдува нејзината загриженост за здравјето на пациентите кои се нејзин домен на работа. Докторката Јосифовска се соочува со непријатна средба со директорката, и тоа за време на интеревенцијата, и истата се обидувала насилно да ја острани од кабинетот за што постојат сведоци. Ја информираме јавноста дека интервенцијата кај детето резултирала со успех, извадено е туѓо тело од дишните патишта на пациентот.
Со ништо и во ниеден момент не било загрозено детето, ниту пак присуството на лекар кој има 22 год искуство со оваа проблематика би можело на било кој начин да го загрози животот на детето. Напротив доколку би дошло до компликации, лекарите кои се присутни, а имаат долгогодишно искуство би можеле да интервенираат веднаш. Но парадоксот е дека според директорката како што пишува во отказното решение е дека нејзиното присуство го довела во опасност животот на пациентот - се нагласува во писмото испратено до медиумите.
Воедно во него се „изразувае најсилна безрезервна поддршка за колешката д-р Веселинка Јосифовска Митровска за која сметаме дека и е нанесена целосна неправда и без никаква вина добива отказно решение од актуелното раководство“.
- Своеволието на директорката уништува многу животи, ја уништува клиниката Козле а тоа дирекно се рефлектира на пациентите. Откако е назначена досега, нејзиното директорување брои низа скандали за кои јавноста беше информирана. Се спроведоа и средби со Министерот за здравство на кои беа укажани проблемите во клиниката. Се депонираа 30 потписи на лекари кои бараа разрешување на директорката - се нагласува во писмото.
Воедно во него се додава дека се уште се чека одговор за нејзино разрешување.
Поради тоа што нема реакција од повисоките истанци, лекарскиот колегиум уште еднаш ги замолува надлежните институции, Министерот за здравство и Премиерот на Р.Македонија, да стават крај на своеволието на Симоновска бидејќи Клиниката Козле е државна институција од огромно значење во пружањето на здравствена заштита на највулнерабилната група на пациенти, децата, и дискредитацијата што и ја нанесува директорката на оваа клиника е дискредитација на целиот здравствен систем, стои во писмото испратено до медиумите, а зад кое е потпишан Лекарски колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
ПО НАВРЕДИТЕ НА КОЧОСКА КОН ПЕТРОВСКА: Гаши зборува за нов Етички кодекс во Собранието

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНАЛА: Според Индексот на демократија зад нас се Србија, Албанија и БиХ

НЕМА ПРИТВОР ЗА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ „ШУТКА“, ФИЛИП АНДОВ: Одредени се само мерки на претпазливост

Димитриеска - Кочоска по преспиена ноќ: Случајот со Петровска да биде затворен
СКРОМНОСТА НА МИЦКОСКИ ПОВОД ЗА ОРТИЗ ДА ГО ИСПОФАЛИ НА ТВИТЕР: Пример за едноставност и нормалност. Браво!

СЕКОЈ ДЕН ЌЕ БАРАМЕ КОЧОВСКА ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - СДСМ излегоа пред Министерството за финансии, велат дека министерката шири дискриминација

„Мислев дека целиот свет се срушил пред мене кога ја открија дијагнозата на мојот син“: Лолеска од „Ретко е да си редок“

„ЗА МИЦКОСКИ КАКО ПРЕМИЕР, КОЧОСКА Е ВЕЌЕ БЕСКОРИСНА И НЕУПОТРЕБЛИВА“: Остра реакција на Жерновски за министерката за финансии
