19 Декември, 2025
0.0424

НЕМА ПРИТВОР ЗА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ „ШУТКА“, ФИЛИП АНДОВ: Одредени се само мерки на претпазливост

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2025 14:39

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд – Скопје информира дека не е определен притвор за поранешниот директор на затворот „Шутка, Филип Андов - Сокол. Како што соопштија оттаму, на 10 лица определени се само мерки на претпазливост.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за претпазливост против 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје,
донесе решенија со кои:
По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, како и ценење на приложените факти и докази, го прифати предлогот и на 10 лица им определи мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1 точки 1, 2, 3, како и точки 6 и 7 од ЗКП за одредни обвинети, односно :
Забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, Обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот, Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за преземање на определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд – Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот