16 Мај, 2024
0.0246

Таа живеела 122 години! Договорот, кој го потпишала на 90, ќе ве воодушеви!

Објавено во: Стил 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Французинката Јованка Луиза Калман е жената која во историјата ќе остане запаметена како една од најпознатите долговечни личности во светот, бидејќи живеела 122 години и 164 дена.

Таа е родена во 1875 година, а починала во 1997 година, и целиот свој живот го поминала во градот Арл.

Освен дека е жив сведок на бројни историски настани, таа ќе остане запаметена и со еден договор.

Всушност, госпоѓа Калман во 1965 година, кога имала 90 години, има потпишано договор со својот адвокат Андре Френсис Рафреи.

И според овој договор, адвокатот се ангажирал да и плаќа по 2.500 франци месечно, а тој по нејзината смрт требало да го добие нејзиниот стан, бидејќи таа немала наследник.

Адвокатот во 1965 година имал 47 години и ги извршувал строго сите обврски.

Но, тој сигурно не сметал дека Калман може да живее подолго од него! Во 1997 година адвокатот починал, а до оваа година тој и платил околу 180.000 долари, што е два пати повеќе од вредноста на станот.

старица

По смртта на Рафреи, неговата сопруга продолжила да и ја плаќа месечна претплата на госпоѓа Калман. Во сите овие години, Јованка имала обичај да вели дека таа се натпреварува со Метусал (човек од библиска приказна кој живеел близу 1000 години), кој е симбол на долговечноста.

Јованка Калман, која пуштела цигари и неделно јадела барем по кило чоколадо, ги  надживеала својата ќерка и внука, и била запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек на светот.