20 Декември, 2025
0.0359

Тајната на успехот на Мајкрософт

Објавено во: Свет 28 Април, 2013 10:45

Добивај вести на Viber

Ако ги прашате луѓето која е светски најуспешната технолошка компанија, повеќето ќе одговорат Епл. Таа е, после се, највредната и го привлече обожувањето на потрошувачите и сличните инвеститори.

Други пак ќе речат дека е тоа Гугл, затоа што се воздигна побрзо од која било  друга компанија, а некои пак ќе речат дека е тоа Амазон, затоа што... е, па луѓето го сакаат Амазон.

За мене, тоа е Мајкрософт, затоа што во кое било  време, богатството создадено од бизнисот ќе дојде и ќе замине, но Мајкрософт води успешен врвен бизнис повеќе од три децении. Ниту една друга технолошка компанија не може да се спореди со нивните успеси. За сето тоа време, се појавија нови конкуренти, а критичарите предвидеа исчезнување на Мајкрософт, но наместо сето тоа, команијата уште повеќе напредуваше.

Да се разбере колку е ова невообичаено, погледнете ја листата на Асимко. Едно нешто кое боде очи на оваа листа, е тоа дека речиси ниту еден од првите лидери во индустријата повеќе не постојат. Дури и шампионите во ерата на персоналните компанија, како што беа Компак или Дел, банкротираа. Во нивниот зенит, многу од овие компании изгледаа неуништиви. Приказната во софтверот е слична: Лотус, Борланд, Новел и грст други, или банкротрираа или паднаа многу скалила удолу.

Но тука е Мајкрософт, кој по скоро цела деценија наводен пад, сеуште создава импресивни цифри, меѓу кои се и 35 отсто оперативна маргина, и повеќе од 20 милијарди долари во годишна заработувачка. Во трката по кеш, каде никој не успева како Епл, тие сепак прават импресивни 60 милијарди долари, дури и по издвојување на огромниот годишен програм за истражување и развој од 9 милијарди долари.

Па која е нивната тајна?

Како што вели Мерил Чепмен во нејзината книга „Во потрага по ступидноста“, одговорот е дека Мајкрософт никогаш не направил било каква голема грешка. Менаџментот можеби пропуштил неколку шанси и свртувања, но секогаш успевал да се опорави. Сите нивни поранешни конкуренти, преку комбинација на претерана надменост и со лоши процени, ги ставија компаниите на опклада и изгубија.

Што може Епл да научи од Мајкрософт

Важно е да се запомни дека во 1999, Мајкрософот беше отприлика онаму каде е сега Епл. Тоа беше највредната копмпанија на светот, и остана непобедена.

Сега, нешто повеќе од една деценија подоцна, Епл е компанија која е предизвик и со сигурност ќе и претстојат тешки денови. Нејзините акции падна 40 отсто во споредба со најдобрите времиња кои ги постигнаа минатата есен (Преупредување: и јас сум инвеститор кај нив преку фонд), и мора да се справува со опасната конкуренција по заминувањето на нивниот легендарен основач, и со бавната линија на нови производи.

На Епл ќе му користи ако го следи примерот на Мајкрософт.

Изградба на повеќекратни платформи: Изгледа дека додека сите се фокусираат на падот на Виндоус како домиантен оперативен систем, Мајкрософт си има палета на други разновидни бизниси.

Франшизата на Офисот останува ефикасен монопол, и одделот „Сервери и алатки“ прерасна во импресивен бизнис вреден 18 милијарди долари. Иксбокс предводи во играчката индустрија, и сега еволуира во силна интерактивна ТВ платформа.

Автомобилскиот оддел обезбедува технологии за Форд Синк и за други смарт кар системи, а Азуре, платформата за клауд-компјутинг, има големи шанси да биде оперативен систем на иднината.

Бизнсиите на Епл, од друга страна, се силно зависни од оперативниот систем ајОС, од смартфоните и од таблетите. Ова сега за сега се величенствени бизниси, но како и во секоја друга категорија, со текот на времето ќе стануваат се помалку профитабилни. Засега, Епл не работи на некаква нова позначајна платформа, како што е силна вештачка интелигенција или на решение за клауд компјутинг (и не, не ги сметам Сири или ајКлауд за серизони платформи).

Избегнување на освети: Единствената грешка која му се закануваше на постоењето на Мајкрософт, беше арогантното справување со неговите антитраст правила, кои произлегоа од лутото ривалство со Нетскејп, кое го одвлече вниманието на менаџментот и доведе до релативен пад на компанијата.

Епл изгледа дека оди по истиот пат, преку жестоките битки за патенти против Самсунг, Моторола и грст други. Не гледам како ова ќе и послужи добро на компанијата.

Ефикасно пратнерство: Пред да почине, Стив Џобс забележа дека една од нештата на кое му се восхитува на Мајкрософт и посакуваше да биде поинакво кај Епл, беше способноста за ефикасно партнерство. За несреќа, иако сега Стив Џобс го нема, културата на осамеништво остава последици. Ова мора да се смени.

Затоа што Епл никогаш не била компанија со импресивен оддел за истражување и развој, сега на Епл ќе му требаат силни технолошки партнери за во иднина да може ефикасно да се натпреварува. Ако очекува да прави сериозен исчекор во интерактивната телевизија, ќе и треба силни партнери за овој натпревар. Ќе биде тешко, ако не и незвоможно, за Епл значајно да ги унапреди своите бизниси ако продолжи да оди сам.

Всушност, ако неприкосновените правила за развој на апликации на компанијата, и неуспешните разговори со обезбедувачите на содржини можат да бидат било каков показател, Епл сеуште не ја научил лекцијата. Додека притисокот расте, навиката да се држи за оградата, грешката со опклади за компанијата може да се покаже како неодолива.

Затоа можам да го советувам извршниот директор на Епл, Тим Кук, убаво да го проучи случајот со Стив Балмер од Мајкрософт. Слично како и Кук, и тој е повеќе оперативен егзекутивец отколку технички визионер. За време на неговиот мандат, тој беше исмеван, омаловажуван и исклучуван. Постојано имаше повици за негова оставка.

Но за разлика од повеќето извршни директори кои останале толку долго како тој, Балмер сеуште е тука, а неговата компанија прави свежи купишта пари

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот