27 Април, 2024
0.0272

ТАЈНИ НА УСПЕХОТ: Како Фарел Вилијамс создаде бизнис империја за 100 милиони долари?

Објавено во: Финансии 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Фарел Вилијамс ја поседува способноста да создава хит песни кои се впиваат во вашиот мозок и остануваат таму долго време, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не. Но тој применува квалитети не само во музиката, туку и во светот на бизнисот. Компаниите и партнерствата во областите на модата, накитот, медиумите и други му донесоа состојба од 100 милиони долари.

„Музиката секогаш ќе биде моја прва љубов. Но научив дека животот е филм, а јас сум неговиот создавател“, вели изведувачот.

Тој г пуишти на пазарот модните линии Billionaire Boys Club и Ice Cream во 2005 година. Нивата годишна продажба се проценува на над 25 милиони долари. Во 2013 тие беа дополнети и од линијата за дами - Billionaire Girls Club. Марките имаат свои продавници во Њујорк, Лондон и Токио.

Но да правиш бизнис, без да го спасуваш светот во денешно време не е „кул“. Затоа на Вилијамс му помогнал и проектот за изработка на фармерки од рециклирани материјали. Настојувањето доведе до тоа што тој стана и косопственик на G-Star Raw, холандска марка фармерки.

Вилијамс исто така соработува со Adidas на линија патики и создал модели маици за јапонската компанија Uniqlo. Правел и дизајни за Moncler и Louis Vuitton.

Во 2012 година музичарот ја дополни империјата со медиумска компанија I Am Other. Во YouTube канал компанијата продуцира и пушта емисии, насочени - според зборовите на Вилијамс - кон „мислители, иноватори и аутсајдери“. Истата фирма служи и како етикета на Вилијамс и го пушти на пазарот албумот Girls во 2014 година.

Во декември 2016 година изведувачот објави уште едно партнерство со голем бизнис играч - тој ќе биде креативен директор на проектот платинеста карта на American Express.

Некако Вилијамс продолжува да наоѓа време и за музиката. Што го мотивира? „Ме инспирира она што недостасува“, изјави мистериозно Вилијамс пред некое време. „Може и да не направам најдоброто нешто на светот, но сигурно ќе се направи нешто различно.“

Можеби ќе ве интересира

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите