18 Мај, 2024
0.0298

Тајните фобии на бруталните диктатори

Објавено во: Свет, Стил 31 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Иако биле познати по своето сурово владеење, дел од овие озлогласени диктатори имале свои стравови и фобии. Еве неколку од нив.

Николае Чаушеску

KMO_096855_03539_1_t218_105410

Романскиот диктатор Чаушеску бил познат хипохондрик, а коренот на неговата хипохондрија историчарите го наоѓаат во проблемите со грлото кои ги имал како млад. Поради стравот од климатизери скоро ниедна зграда во Романија немала клима уред, а и кога престојувал на места како Африка не користел клима уред. Во подоцнежниот живот развил и страв од бактерии, па така се што ќе допрел морало да биде дезинфицирано пред тоа. Неговата посада секогаш имала влажни марамчиња за да ги избрише рацете ако се поздрави со некого, а после посетата на Картер, кој го бакнал во образ Чаушеску во автомобилот на заминување се полил со алкохол. На посетите во странство никогаш не јадел од храната на приемите во страв дека може да е затруен.

Кил Ил Сунг

2c55d9eb60d4aabdb3e893d1504f5ac8

Основачот и лидерот на Северна Кореја Ким Ил Сунг после совојот 65-ти роденден развил фобија од смртта. За да ја победи собрал 1.750 научници кои ја испитувале народната медицина и правеле експерименти за да му помогнат на лидерот да живее до 100, 120 години.

Еден од нивните први обиди беше да ја победат смртта со смеа па за таа цел се организираа комични претстави и беа ангажирани деца да изведуваат смешни и слатки точки за да му го продолжат животот.

Другиот начин не беше толку невин, па Ким почна да прима трансфузии на крв од луѓе во своите 20-ти кои биле одбрани за таа цел и хранети за да имаат подобра крв. Диктатортот доживеа 82 години.

Адолф Хитлер

289557

Иако Хитлер е познат како љубител на животни тој имал чудна антипатија кон коњите кои го асоцирале на арогантноста на аристократијата. Кога коњите добивале повеќе внимание на парадите од неговото најново оружје се обидел да ја укине коњаницата во војската.

Сталин

1786408_original

Еден од поголемите стравови на Сталин било летањето. Авионот кој бил направен специјално за него, а имал осум мотори, кино и библиотека се срушил на летот на кој требало да биде прикажан пред публиката. За патување Сталин преферирал автомобил, а ако дестинацијата била подалечна патувал со воз и воена придружба. Неговиот единствен лет е во 1943-та година за да замине на конференцијата во Техеран. Иако првенствено сакал да стигне до Техеран по копнен пат сепак условите не дозволувале сигурно патување.

(Извор:Mojo.мк)

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население