Талат Џафери двосмислен за скандалот со СЈО и европската перспектива
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019
Талат Џафери, претседателот на Собранието, е двосмислен кога станува збор за прашањето дали последните случувања во Специјалното јавно обвинителство и поврзаноста на Катица Јанева со случајот „Рекет“ ќе ги забават евроинтеграциите на Македонија, особено кога земјата чека Датум за преговори со ЕУ наесен.
„Во однос на ЕУ може да има влијание, и позитивно и негативно, зависно од тоа како ќе се одвива овој процес. Во тој контекст сметам дека сите ќе бидат доблесни процесот да го водат професионално“, изјави Џафери во Вашингтон за Гласот на Америка.
Според собранискиот спикер, поголеми закани за перспективата на Македонија и за демократијата дома доаѓаат од внатрешни фактори, иако вели дека не треба да се игнорираат надворешните влијанија.
„Приоритет треба да бидат нашите внатрешни односи, во смисла на надминување на меѓупартиските разлики и зголемување на политичката култура во парламентарниот живот“, вели Џафери.
Toj во Вашингтон имаше обраќање на Форумот на Демократското Партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД.