Талат Џафери е избран за нов собраниски спикер
Објавено во: Македонија 21 Август, 2020
Пратеникот Талат Џафери е избран за претседател на Собранието.
Тој доби зелено светло од пратениците денеска на конститутивната седница.
На седницата „за“ гласаа 62 пратеници, а „против“ беа 43, додека водржани немаше.
Талат Џафери даде заклетва пред пратениците.
Џафери и претходно беше претседател на Собранието, во претходниот парламентарен состав.
ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да го поддржи Џафери.