29 Април, 2024
0.0293

Талат Џафери со значка со македонско знаме отиде во Брисел

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, вчера при неговата прва официјална посета на Брисел, на костумот носеше значка со македонското знаме.

Претходно, тој постави албанско знаме на бирото во кабинетот, што предизвика негативни реакции во јавноста.

„Мислам дека никој не треба да се чувствува загрозен од знамето, бидејќи тоа се наши симболи,  на припадноста, а од институционален аспект мислам дека државното знаме се наоѓа на вистинското место каде што припаѓа и сите ние се идентификуваме со тоа знаме кога сме носители на функција“ - рече Џафери.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека сака да се почитуваат законите и Уставот на Република Македонија без разлика дали кршењето на закони или доаѓа од нивен коалициски партнер или не. 

„Секој треба да има политичка и законска одговорност. Законите во Македонија се јасни и тие треба да се почитуваат. Ако се случила одредена грешка тој што ја направил, се надевам, дека ќе ја поправи“ - рече Заев. 

Реакции за албанското знаме во кабинетот на Џафери имаше од повеќе партии, но и поединци од општествено-политичкиот живот во Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање