14 Мај, 2024
0.0471

ТАЛЕНТИРАНИ ГРАФИЧАРИ ОД РЕГИОНОТ ДЕСЕТ ДЕНА ЌЕ ТВОРАТ ВО БОГДАНЦИ

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Млади и талентирани графичари од повеќе земји од регионот во наредните десет дена ќе творат во Богданци. Од 22 август до 1 септември, традиционално по единаесетти пат ќе се одржи меѓународната графичка работилница „Софија“. Настанот кој низ годините прерасна во еден од најпрепознатливите уметнички собири на Балканот, го иницираа група ентузијасти и вљубеници во уметноста во 2008 година.

„Нашата идеја во 2008 година беше да ја популаризираме графиката како начин на уметничко изразување и да им овозможиме на младите и талентирани автори да разменуваат искуства и да изработуваат графички дела во различни техники. Единаесет години подоцна со задоволство можеме да констатираме дека помогнавме за популаризирање на графиката во Македонија, но и во регионот. Нашата следна цел е работилницата да живее во текот на целата година преку различни активности кои ќе придонесат за промоција на уметноста во нашата земја“, велат од Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на работилницата.


На годинешната главна сесија ќе учествуваат 17 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сараево и Софија. Ментор на работилницата ќе биде Слободан Радојковиќ, истакнат графичар и професор на Факултетот за уметности во Ниш.  

За разлика од претходните години, овој пат ќе се одржат две завршни изложби. Првата на 30 август во Домот на културата во Богданци, а наредниот ден делата изработени за време на работилницата ќе бидат изложени во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци. Во нарединиот период се планирани повеќе изложби во градови низ Македонија и регионот.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа над 170 графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

На Фејсбук страницата https://www.facebook.com/graphicartsofijaсекојдневно ќе се објавуваат информации и фотографии за текот на Графичката работилница.

Организатор:

Здружение на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти