19 Август, 2018
0.5957
    ALK 7956.45    -0.54%     GRNT 793.88    -1.36%     KMB 5168.81    -0.47%     MERM 2006    126.41%     MKSD 204    0%     MPT 44500.29    -1.11%     MTUR 4600    -1.08%     OHB 6500    -0.01%     OKTA 4215.18    -6.1%     PPIV 44500    -1.13%     RADE 1700    -0.12%     RMDEN17 96.02    -0.08%     RZEK 30    0%     RZTK 511    0%     RZUS 120    -2.94%     STB 1031.49    0.11%     STIL 131.22    -1.34%     TEL 277.4    -1.52%     TNB 14130    -0.46%     TTK 1146    -0.09%     UNI 2400    0.04%     VITA 8767    3%

Танги и битанги

Објавено во: Колумни 21 Февруари, 2018

Секој има своја цена,  некои се купуваат со пари, а други со многу пари- флоскула која се почесто се слуша во ова наше македонско совремие. Секако дека  пред само неколку години многумина би биле скептичари на ваквото тврдење, денес, посебно после снимените прислушувани разговори, не верувам и дека постои човек кој би се сомневал во гореспоменатото. Зачудува фактот, што одреден број на  интелектуалци, кои биле модели за идентификација, личности со интегритет и луѓе за кои се мислело дека моралниот дискурс е алфа и омега во нивното битисување, се сведоа на константни повторувачи на едни исти тези, тези кои одат во полза на бранење на криминал и корупција и во одбрана на нешто што оддалеку се гледа дека е лошо и оди кон урнисување и на моралот и на правото.

  Што е труло во државата наша, што е она што е во срж искварено, што е она што е урнисано и потполно битисано, што е она што е крајно вулгарно и безскрупулозно, е тоа е драги мои безобразието на малкумината носители на минатата јавна власт и креатори на јавно мислење, кои се ставија во улога на Богови, сметајќи дека можат се да чинат што ќе посакаат, одеа дури до перверзии, играјќи се и со рациото и со чувствата на сите останати.

  Истите тие замислени над луѓе, како што би се изразил големиот Ниче,  истите тие дами и господа, иако не заслужуваат да се нарекуваат така, се дрзнаа, на најбезобразен начин, да трошат наши и ваши пари, да се исмеваат на материјални средства кои за некого значат годишна егзистенција, да изигруваат хедонисти без граници, да си уживаат во сопствените баханалии, без притоа око да им трепне дека некој страда за корка леб, дека некој нема лек да си купи, дека друг нема покрив над глава, а трет мрзне бидејќи сметките не може да си ги подмири. Далеку отидовте, премногу далеку, си играте држава, како од мајка ви да ви е подарена.

  Ми навредувате интелегенција, на многумина чесни и поштени им бркавте во џигерот, луѓето ги испровоциравте до степен да мразат, го извадивте агресивното од нив, иако повеќето сме мирни и исклучиво мирољубиви, но кога ги чувме вашите желби и перверзии, не можевме да останеме само неми сведоци на сето она што сте го правеле со години и јавно сте ни се потсмевале. Колку просечни плати се потребни за да се купи еден пар гаќи (простете што вака ги нарекувам, а не долен веш) што некои личности ги носат, колку најниски пензии влегуваат во тангата од 500 евра, колку лекови, книги, животни намирници можат да се купат со еден пар перверни гаќи со кои треба да се кочопери некој? Простете, но за да некој носи гаќи од 500 евра, треба да е растен во Багингамска палата и газето уште од мало да му е миено со млеко и мачкано со најскапи креми, треба да спиел во најскапи свилени постелнини и исклучиво на перјани јастуци и да пиел само млеко од биволица, па ќе речеме навикнат е и само префинетости сака. Но кога знаете дека оној кој ги носи гаќите до скоро купувал од тие поевтините, памучните де 3 за 100 денари (како што повеќето од нас носат), до пред некоја година само сонувал за брендирана облека и лукзузни кревети и дормео душеци, тогаш ви доаѓа да вриснете и да се изедете живи, бидејќи сфаќате дека си поигрувале и се смееле на сите оние чесни и поштени луѓе. И да, не простувам и на оние кои релативизираат и говорат де бре сте се фатиле за гаќите, а други приоритети има, да се фативме за гаќите бидејќи тие се симбол на чистина и чесност од една страна, но и беда и сиромаштија од друга страна. Не случајно се вели нема ни за леб и со скинати гаќи оди, е тоа почитувани е метафора за оваа наша сурова реалност и затоа се фативме за гаќите кои баснословно чинат. Истите вие кои релативизирате и морализирате се запрашавте колку гаќи вакви се потребни за лекување на едно дете...не сакам да скоривам јадови, но како им се стегнала душичката на оние родители чии деца чекаат на ред и молат за лекување...Затоа релативизатори, доста е, замолкнете...

  И затоа вие госпоѓи, што носите од 500 евра танги  за мене ќе останете само обични битанги, кои нема да ги испере и најголемата река во Македонија...продолжете така, без трошка срам и скрупули да се кочоперите, но само за миг размислете, што им оставате на вашите поколенија...мирно ли ќе заспиете?

П.с. И после комичната и жална пресуда за затајувањето на данок на жената со скапите танги, ни преостанува  уште повеќе да вриснеме и да инсистираме до власта да се сменат оние кои судат не по слово и закон, туку по партиска послушност и еднаш засекогаш судијките со предзнак сваровски, оксет или мисаки да ги пратиме во историјата. Ако за скоро време не се деинсталираат сваровски судијките и останатите носители на јавни функции, кои беа дел од режимот и придонесуваа тој режим да остане, а денес се се уште на истите позиции, нема да не биде. И затоа апелирам што поскоро промена на оние кои ставаа камчиња во режимскиот ѕид и сите оние кои судеа или одлучуваа без морални скрупули, вистинските борци за демократија и вистински вредности го заслужија и го очекуваат тоа од Вас.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

Приказна за Миле румунец

Приказна за Миле румунец

Меркел не паѓа во прегратките на Путин

Меркел не паѓа во прегратките на Путин

Непостојаност на откупните цени на примарните земјоделски производи

Непостојаност на откупните цени на примарните земјоделски производи

Светулки

Светулки

Бачев&ко.- новите руски надежи!

Бачев&ко.- новите руски надежи!