06 Мај, 2024
0.0233

Telekom Electronic Beats – премиерно во Македонија

Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

        - Ame, DJ Koze, Tijana T и Herzel во МКЦ во Скопје на 27 октомври

        - Со секој билет- неограничен интернет со Cool во Magenta1 и Smart постпејд  за период од 24 месеци

Македонски Телеком ја носи за првпат во Македонија Telekom Electronic Beats, познатата европска програма за музика и животен стил. Оваа програма, добро позната на љубителите на современата клупска музика, ќе стартува во Скопје, МКЦ на 27 октомври со DJ сетовите на Ame, DJ Koze, Tijana T и домашна поддршка од Herzel.

Уште од 2000 година, Дојче Телеком ги постави стандардите за промоција на меѓународна музика и содржини од модерниот начин на живот со Electronic Beats. Првично формирана за музички маркетинг, програмата сега ја опфаќа силната врска помеѓу музиката и другите животни области како што се дизајн, технологија, мода и уметност. Telekom Electronic Beats има иновативно медиумско портфолио, продуцира сопствени фестивалски серии и настани во живо низ цела Европа, а истовремено нуди иновативни производи и услуги на Телеком.

Програмата ги прошири своите локални изданија од Германија во Полска, Унгарија и Албанија, а од сега и во Македонија. Локалното медиумско портфолио започнува со страницата electronicbeats.mk којашто е поврзана со Facebook и Instagram.

„Со Telekom Electronic Beats сакаме да ги надминеме европските граници – но и границите и бариерите во човековиот ум.Сакаме да им помогнеме на луѓето вистински да се поврзат преку музиката“, истакна Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

По повод премиерата на Telekom Electronic Beats, Македонски Телеком подготви ексклузивна понуда за своите корисници. Со секој билет за Telekom Electronic Beats, корисниците добиваат неограничен интернет со Cool тарифата вклучена во Magenta1 и со Smart постпејд за период од 24 месеци. Промоцијата може да се искористи со билетот во која било Телеком продавница.

Со стартувањето на Telekom Electronic Beats, македонската публика може да очекува влијателно новинарство посветено на музиката и урбаниот животен стил, како и настани поврзани со овие области.Берлин, Варшава, Будимпешта и Тирана се само дел од градовите во кои се споделуваат незаборавни музички и животни искуства.Скопје ќе биде следно.


Премиерниот настан на Telekom Electronic Beats ќе започне во 23:00 часот во МКЦ, а претходно, со почеток од 19:00 часот, во џебното кино на МКЦ ќе има проекција на документарните филмови Raving Iran и Richie Hawtin (Slices documentary).

www.electronicbeats.mk

www.facebook.com/electronicbeats.mk

www.instagram.com/electronicbeats.mk/

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ