26 Април, 2024
0.0341

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Ако сака вистински, а не ПР или популистички мерки, Владата треба да осигура владеење на правото. Значи, брзо откривање и брзо казнување на прекршителите на Законот за ДДВ и ова да важи на целата територија на државава, вели Горан Теменугов, уредник во Алсат М телевизија. Владата вчера најави дека почнува мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните, а едно четиричлено семејство ќе може да оствари поврат на ДДВ од најмногу 28.800 денари годишно. Теменугов тврди дека има амбивалентен став кон оваа мерка - како исполнето предизборно ветување, ама и со променета суштина од чисто социјална мерка до таква со која граѓаните ќе придонесат за намалување на даночната евазија.

„Добро е што едно програмско ветување се реалзиара. Гласано е за него и е познато. Но, дали е добро. Прво, во програмата на СДСМ стои дека ќе се вратат кај граѓаните 130 милиони евра годишно. Вчера од министерот за финансии слушнавме дека планот е да се вратат околу 50 милиони евра. Од ветеното исчезнаа 80 милиони. За мене, ова и не е толку лошо, бидејќи почнаа да го растегнуваат буџетот како дете мрсулче. Ако се вратиме на генезата како оваа мерка стана дел од програмата, ќе видиме дека првичната идеја беше тоа да биде чисто социјална мерка, односно после кризата од 2008 – 2009 година, СДСМ со ова сакаше финансиски да им помогне на осиромашените граѓани. Со текот на времето, оваа идеја се надогради и граѓаните би станале неформални инспектори околу тоа каде се издава, а каде не фискална сметка, со што би се намалила сивата економија. Ваквиот мотив за мене не држи вода. Ми кажува дека институциите се немоќни за да се справат со сивата економија која е проценета на над 30 отсто од БДП, вели Tеменугов.

Затоа, тврди вистински мерки се тие кои ќе осигураат владеење на правото.

„Значи, брзо откривање и брзо казнување на прекршителите на Законот за ДДВ и ова да важи на целата територија на државава. Затоа, за оваа мерка имам амбивалентен став, заклучува Теменугов.


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија