Тензична атмосфера на границата меѓу САД и Мексико
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2018
Стотици мигранти од Централна Америка се собраа на мексиканската граница со САД, кои ги зголемија безбедносните мерки со тоа што армијата има "зелено светло" за пукање.
Мигрантите пристигнаа од Тихуана, Мексико, на преминот Шарал, кој е во блзиина на Сан Диего, Калифорнија.
Околу 6.000 имигранти велат дека ќе останат во процесот додека американските власти не ги разгледаат барањата за азил.
"Ние веќе сме очајни, минатата ноќ врнеше, сите сме болни, моите деца имаат грип и никој не дојде да ни помогне", изјави Давид, емигрант од Хондурас, за новинската агенција Ројтерс .
Веќе американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека тој и дал "зелено светло" на американската армија да отвори оган и дека може да одлучи да ги затвори сите граници.