ТЕНЗИЧНО: Косово не дозволи српски власти да влезат во државата
Објавено во: Балкан 26 Март, 2018
Протести на српски државјани во северна Митровица поради забраната за влегување на државните функционери од Србија во Косово. Се работи за забраната од косовската полиција на Јариње за српскиот министер за култура претпладнево.
„Ние се подготвивме за влез во нашите манастири, нашето културно наследство и овој чекор значи голем пропуст кој не придонесува за општата ситуација. И покрај актуелните околности, српското културно наследство во Косово блеска веќе 800 години и така ќе биде и во иднина“, изјави министерот Вукосавлевиќ.
Во меѓувреме, десетици оклопни возила на косовската полиција се подготвени и стојат кај полициската страница на југот на Митровица. Властите на Косово ден претходно донесоа одлука да им забранат влез на високите српски претставници, Ѓуриќ, Селаковиќ и Вукосавлевиќ.