06 Мај, 2024
0.0256

Тензично во коалицијата на СДСМ и ДУИ - Ден за „ладење“ во Собранието

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Денес во Собранието на Република Северна Македонија нема да се одржат седници на собраниските комисии, ниту пак има закажано пленарни седници. Денот без активности ќе послужи за смирување на страстите во собраниските клупи по бурата која ја предизвика неуспехот да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот Трајко Велјаноски кој беше речиси 10 години собраниски спикер.

Во последната комуникација со јавноста Џафери истакна дека не го „спасувал“ Трајко Велјаноски. Седницата за одземање на имунитетот на неговиот претходник ја прекинал поради нарушување на редот во салата и се повика на Деловникот.

За ваквата постапка, но и однесувањето на пратениците на ДУИ жестоки реакции имаше од страна на коалициските партнери од СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски истакна дека „биле правени будали“, и дека „лавот од Форино“ лесно се исплашил па поради наводни гневни реакции и довикување во салата ја прекинал седницата.

„А можеше да го трпи криминалецот Груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици. Не, Талат. Ти ја прекина седницата бидејќи се' уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на ДПМНЕ. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата. По парламентарните избори, го извадивме ДУИ од ВМРО. Очигледно, не успеавме да го извадиме ВМРО од ДУИ.

Масло на оганот дофрли и Мухамед Зеќири кој влезе во жестока ТВ дебата со пратеникот на ДУИ Ејуп Алими. И двајцата се заканија дека може да формираат влада едни без други. Според Алими влада има тој што ќе обезбеди 61 глас, а дека тие и партиите со албански гласачи имаат партнери. Зеќири возврати дека СДСМ може да одржи влада и без пратениците на ДУИ.

„Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!“, рече вчера Мухамед Зеќири во „Click Plus“ на ТВ21.

Дека не цветаат рози во коалицијата доволно говори и остриот тон на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски кој бара принципиелност и услови да се расчисти Крвавиот четврток кога беше нападнато Собранието.

„Кворум постоеше. Мнозинството беше тука подготвено за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници - Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски? Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи. За Трајко Вељаноски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник. Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност. Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности. 27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат“ посочи Кирацовски.

Од собраниските активности денес е закажан прием само на француската министерка за европски прашања Натали Лоазо која доаѓа од министерството за надворешни работи на Француската Република. Лоазо ќе се сретне со македонските парламентарци за да изрази поддршка за евроатлантските интеграции, а ќе има средби и со владиниот врв. Прием ќе и приреди Талат Џафер, а ќе се сретне и со Артан Груби и членовите на Комисијата за европски прашања.

Ова ќе биде шанса да се смири високата тензија меѓу пратениците и да се врати фокусот на побитни државни работи, особено што налето не чека оценка од Европската комисија за започнување на преговорите за членство која ќе зависи токму од реформите на владеењето на правото, градење капацитети на независни институции, почитување на човековите права.

Следната собраниска активност е закажана утре кога на агендата е седницата за поставување на пратенички прашања, кои традиционално се закажуваат на крајот на месецот. Ден потоа спикерот Џафери ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите на која ќе разговара за следните активности на Собранието.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта