26 Април, 2024
0.0396

ТЕНЗИИ ВО БЕЈРУТ: На протестите се повредени неколку луѓе

Објавено во: Свет 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Безбедносните сили испалиле солзавец кон антивладините демонстранти во Бејрут. 

Тие се гневни на власта поради експлозијата во која загинаа повеќе од 150 лица.

Неколку луѓе се повредени во текот на протестот во близина на зградата на парламентот. 

Медиумите објавија и дека револтот кај граѓаните е и поради писмо од експерт кое во 2017 година е испратено до властите како предупредување дека поради хемиските суптанци во складиштето може да настане експлозија, но тие не реагирале.

Францускиот претседател Емануел Макрон, го посети главниот град и истакна дека во Либан е потребно да се видат длабоки промени од власта.

Тој повика и на меѓународна истрага за катастрофата. ОН пак бара независна истрага за експлозијата.

Лидерот на проиранската група Хезболах, Хасан Насралах ги отфрли обвиненијата дека неговата група го контролирала пристаништето во Бејрут, кое е уништено од катастрофалната експлозија претходно оваа недела.

Претседателот на Либан, Мишел Аун денеска отфрли можност за меѓународна истрага за разорната експлозија во бејрутското пристаниште.

Либанските власти притворија 16 луѓе во истрагата за експлозијата во бејрутските пристанишни складишта, јави вчера државната новинска агенција ННА.

Големата експлозија во складиштето со амониум нитрат во пристаништето во Бејрут кое однесе најмалку 157 животи и рани повеќе од 5 илјади луѓе, беше, според досегашните сознанија, несреќен случај.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни