05 Мај, 2024
0.0231

Теодоракис не сака име со „Македонија“, еве што му одговори Благој Нацоски

Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Познатиот грчки композитор, Микис Теодоракис бара почитување на одлуката од 1992 година, за неприфаќање на име за северниот сосед со терминот Македонија. 

Во текст објавен на неговиот сајт, како што јавува дописникот на МИА од Атина, тој ја повикува Владата во неговата земја да не отстапува од оваа позиција.

„Секое отстапување од оваа линија ќе има катастрофални резултати за иднината на нашата земја, бидејќи, по осумгодишното ограбување на грчкиот народ што нè доведе до денешната драматична ситуација, единствено што ни останува е да го зачуваме нашиот национален интегритет“ - наведува 93 годишниот Теодоракис.

На крајот од писмото Теодоракис завршува со заклучок: „Кога се плашиш да кажеш дека ја сакаш својата татковина и кога – уште полошо, ја продаваш – тоа не е расизам. Тоа не е национализам, тоа е патриотизам. И на Грција денес, повеќе од кога било, ѝ требаат патриоти“.

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој е колега и пријател на притворениот Игор Дурловски му напиша писмо на прославениот грчки композитор и диригент Микис Теодоракис.

„Маестро Теодоракис, најискрено останав длабоко изненаден читајќи ги Вашите изјави во денешното издание на грчкиот весник Прототема, кои се однесуваат на проблемот што Вашата земја го има со името на мојата татковина. Моето изненадување е од повеќе причини: Најпрвин, од личност како Вас, признат врвен уметник во целиот свет очекував барем малку повеќе космополитизам и отвореност. Ние, музичките уметници ја имаме таа среќа да работиме една благородна професија која истовремено ни овозможува да патуваме низ целиот свет говорејќи на јазик (музичкиот) кој успева да ги сруши сите ѕидови и сите конфликти. Оваа уметност ни овозможува сите нас да бидеме обединети во едно големо семејство каде што културните разлики помеѓу народите претставуваат едно богатство на човечкиот израз. Второ, во 1997 Вашето најпознато дело “Гркот Зорба” беше изведено во тогаш МАКЕДОНСКИОТ Народен Театар, денешна МАКЕДОНСКА Опера и Балет, заедно со МАКЕДОНСКАТА Филхармонија, во присуство на Претседателот Киро Глигоров и целокупниот државен врв на Македонија, настан пренесуван во живо од страна на МАКЕДОНСКАТА Радио Телевизија и грчката национална ТВ. Јас лично како ученик во средното музичко училиште во Скопје ги следев сите проби, а мојата мајка учествуваше во изведбата. Тогаш не се сеќавам дека имавте замерка да настапите во главниот град на Република Македонија диригирајќи лично со двата македонски национални оркестри и хор. Во таа прилика го посетивте и гробот на Зорба, кој се наоѓа во гробиштата во Бутел. Токму приказната за Зорба како историска личност и како книжевен лик, би можела да биде еден од позитивните примери и ‘адути’ за проникнувањата меѓу културите на балканските народи, но не како нов ‘мит’ туку како потстрек за барање на конструктивни решенија. Ова мое обраќање кон Вас сакам да го завршам со енда мисла на авторот на книгата за Гркот Зорба, славниот грчки писател Никос Казанѕакис, која гласи: „Едно време ги делев луѓето на Бугари, Турци, Македонци и Грци, сега ги делам на добри и лоши. А еден ден и тоа нема да го правам, затоа што сите заминуваме во една иста почва…“- напиша Нацоски. 

Се интензивираат активностите за решавање на спорот со името, а во грчките медиуми имаше и конкретни предлози. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница