05 Мај, 2024
0.0298

Тереза Меј ја губи популарноста по нападот во Манчестер: Може да се соочи со неуспех на изборите

Објавено во: Свет 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Со 6% се намали предноста на Конзервативната партија на британскиот премиер Тереза Меј над опозициската Лабуристичка партија во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 8 јуни. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на институтот „КомРес“.

Истражувањето, спроведено од 24 до 26 мај за весниците „Сандеј мирор“ и „Индипендент“, покажува дека предноста на конзервативците од 18% е намалена до 12%. Екипата на „КомРес“, кој на интернет интервјуирал 1024 гласачи, соопшти дека популарноста на Конзервативната партија меѓу испитаниците е намалена за 2 отсто, па формацијата веќе ја ужива довербата на 46% од електоратот.

Од друга страна, Лабуристичката партија веќе има 4% повеќе приврзаници и доверба од 34 проценти меѓу испитаниците. 

„Тереза Меј сигурно е категоричен фаворит на изборите, но во моментов не е јасно колку голема победа ќе успее да постигне“, посочува политикологот проф. Џон Кертис од Универзитетот „Стратклајд“. „Веќе не е сигурно дека таа ќе освои мнозинство“, додал тој.

Меј најави предвремени избори за да освои големо мнозинство во парламентот, што ќе им даде повеќе слобода во преговорите за „Брегзит“, и за да добие време за справување со последиците од разделбата со ЕУ. Но, ако не успее да постигне повеќе од сегашните 12 места во парламентот, нејзината одлука за распишување предвремени избори ќе ја одбележи неуспех и авторитетот може да биде ослабен токму за време на почетокот на официјалните разговори за „Брекзит“.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра