26 Април, 2024
0.0275

Терористите на ЕТА бараат прошка за сите жртви

Објавено во: Свет 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Терористичката организација ЕТА која преку бомбашки напади вршеше притисок да се издејствува независност на шпанската покраина Баскија бара прошка за сите жртви кои ги имаат предизвикано.

“Нанесовме многу болка и непоправлива штета. Сакаме да ја изразиме нашата почит кон мртвите, повредените и жртвите на акциите на ЕТА. Искрено жалиме“, се наведува во соопштението објавено во пресрет на распуштањето на групата, на која и се припишува смртта на повеќе од 800 луѓе во повеќедецениската борба против шпанската Влада.

Организацијата сепак наведе  дека не е единствена што е одговорна за страдањата во шпанскиот дел на Баскија.

„Страдањата постоеја и пред раѓањето на ЕТА и продолжија и после прекинот на вооружената борба3, стои во текстот.

ЕТА го подготвува своето распуштање после кампања која траеше речиси половина век за независност на Баскија, подрачје меѓу Франција и Шпанија.

Според повеќе извори, милитантната група би требало на почетокот од мај официјално да објави дека се распушта. Тоа ќе биде една година откако ја заврши својата сепаратистичка кампања со предавање на оружјето и експлозивите.

ЕТА кон крајот на октомври 2011 најави дека се откажува од вооружената борба за независност на Баскија. Организацијата потоа во април 2017 година соопшти дека во целост го предава оружјето и на француските власти им предаде список со скриени магацини за оружје, додека шпанските власти тогаш оценија дека ЕТА сака сама да се распушти.

Во денешното соопштение организацијата, чија цел за време на борбата беа припадници на безбеносните сили или претставници на државата, изрази жалење поради сите жртви но, посебно извинување побара од цивилите кои биле зафатени со борбите.

ЕТА е создадена во 1959 година за да се бори против диктатурата на Франко во Шпанија и за независност на Баскија и Навара.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек