29 Април, 2024
0.0381

Тевдовски: Рекорден поврат на ДДВ во август од 44 милиони евра

Објавено во: Економија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по завршување на Комитетот за финансиска стабилност на која присуствуваше и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.

Во август е извршен најголем поврат на ДДВ на месечна основа во последниве 5 години од 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра.

-Преку навремениот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите и се стимулираат инвестициите. Само во август имаме поврат од 2,7 милијарди денари, што е рекордна сума изминативе 5 години. Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството од почеток на годинава, само по основ на поврат на ДДВ - рече Тевдовски.

Министерот за финансии рече дека стабилноста во финансискиот сектор се огледа и во реалниот сектор. Како што посочи Тевдовски, последните податоци за растот на економијата во второт тримесечје од 3,1% покажуваат дека македонската економија се движи во вистинска насока.

 -Сите макроекономски индикатори покажуваат дека економијата се движи во позитивна насока. Индустриското производство од почетокот на годинава има кумулативен раст од 5%. Последниве два месеци има високи стапки на раст на индустријата од 12% во јуни и 8,4% во јули. Имаме висок раст на извозот од поечтокот на годинава од 14%. Странските директни инвестиции во првата половина на годината се 325 милиони евра, што е двојно повисоко од просекот од последните три години. Денеска излезе и стапката на невработеност, која е намалена од 21,6 на 21,2%. Имаме раст на платите кој е значаен и изнесува 5,6%. Ако ги погледнете сите податоци од наплата на даноци во буџетот тие се согласно проекциите - рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека врз основа на сите овие податоци се очекуваат добри економски резултати до крајот на годината.

Комитетот за финансиска стабилност се одржува во насока на подобра координација помеѓу Народната банка и Министерството за финансии. Тој се одржува на секои 6 месеци.


Можеби ќе ве интересира

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица