23 Април, 2018
0.0592

Тевдовски: Со еврообврзницата ќе има и за повисоки плати и инвестиции

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2018

Ниската камата за еврообврзницата ни заштеди 90 милиони евра а парите нема да ги трошиме на споменици и жалби врби“, изјави вчера министерот за Финансии образложувајќи ја новата еврообврзница.

Тевдовски се правда дека еврообврзницата е издадена со историски најниска каматна стапка а дека парите ќе бидат вложени главно за покривање на буџетскиот дефицит.

„За споредба, претходните пет еврообврзници беа издадени по значително повисоки каматни стапки кои се движат помеѓу 3,975% и 9,875%, односно нивната пондерирана просечна каматна стапка изнесува 5,34%. Со дупло пониската каматна стапка од 2,75%, постигнуваме заштеди по камати во вкупен износ од околу 90,6 милиони евра, во однос на случајот ако се издадеше еврообрзница на истиот износ и рочност, но со повисоката просечна каматна стапка (од 5,34%)“, рече министерот Тедовски.

Посликовито, како што истакна, ова ќе биде користено меѓу другото и за повисоки плати и инвестиции во образование и здравство, поддршка на домашните и странските претпријатија, зголемување на средства во одбраната заради прилближување до НАТО стандардите, интензивирање на капиталните инвестиции и слично а со еврообврзницата како што најави Тевдовски ќе бидат вратени и претходно направени долгови. На 29. Јануари ќе се отплати првата рата на PBG-кредитот земен во 2013 година во износ од 95 милиони евра.

Со оглед на тоа што со еврообврзницата враќаме речиси 200 милиони евра претходно наталожени долгови, нето-задолжувањето со оваа еврообврзница изнесува околу 300 милиони евра, потенцираше на крај министерот за финансии.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за енергетика во процедура

Предлог-законот за енергетика во процедура

Отфрлени полициските пријави против раководството на „Макпетрол“

Отфрлени полициските пријави против раководството на „Макпетрол“

Во УЈП ќе се оди само со закажан термин

Во УЈП ќе се оди само со закажан термин

Кинески конгломерат ја напушта Deutsche Bank

Кинески конгломерат ја напушта Deutsche Bank

Фото: Ако испазарите во Веро за 30 минути нема да платите паркинг

Фото: Ако испазарите во Веро за 30 минути нема да платите паркинг

Откриена стара рударска населба на место каде што ќе се гради рудник во Радовиш

Откриена стара рударска населба на место каде што ќе се гради рудник во Радовиш

ZTE опасно тоне по американските санкции

ZTE опасно тоне по американските санкции

Рудници во вселената - Бизнис кој ќе вреди трилиони

Рудници во вселената - Бизнис кој ќе вреди трилиони

Колку троши ФК Силекс за една година на фудбалери?

Колку троши ФК Силекс за една година на фудбалери?