04 Мај, 2024
0.0265

ТИЕ ШТО СЕ ВИШОК ВО ЕДНА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА НЕМА ДА БИДАТ ОТПУШТЕНИ, ТУКУ ПРЕЗЕМЕНИ ОД ДРУГА - Тренчевска ги смирува административците

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска го смирува јавниот сектор.

 – Навистина ми е жал што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со шпекулации и се создаде паника. Не е вистина тоа што го велат синдикатите. Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

Тренчевска вели дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.

– Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.

За препораката за работа од дома, како што појасни, тоа не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. Тренчевска укажа дека нема да им биде намалена платата на оние кои ќе работат од дома.

Раководното лице во институцијата, вели таа, знае кој од неговата администрација може да работи од дома и да дава резултати, а кое работно место не може.

Фактор објави дел од шпекулациите што се шират во јавниот сектор. 

Можеби ќе ве интересира

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината