05 Декември, 2025
0.3591

ПЛАТИТЕ НАД ПРОСЕЧНАТА ОД 31 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КРАТАТ ЗА 10 ОТСТО? - во дел од државните институции забрзано се кројат и списоци за работа од дома

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2022 08:47

Добивај вести на Viber

Во многу од државните институции наголемо се работи на кроење списоци за тоа кои административци ќе бидат први на листите што ќе работат од дома, а во некои од овие државни органи веќе циркулираат документи за намалување на плати.

Според сознанија на Фактор, во една од државните институции, која е една од листата на оние што работат со загуби во работењето, прокекол документ за снижување на платите за по 15 отсто. 

Во друга институција, пак, има списоци дека сите вработени таму што земаат плата над последната просечна нето плата во земјава, а таа е 31.280 денари, платата ќе мора да им се скрати за 10 проценти.

Некои вработени во јавниот сектор, пак, јавуваат дека се кроеле списоци за тие со повисоки плати кратењето да биде 10 отсто, за советниците кои важат за таканаречена седна класа кратењето да изнесува по 20 проценти, а за референтите по 10 отсто, со што тие би паднале под минималната плата.

Наводно, во многу институции забрзано се кројат списоци и веќе се задолжени  луѓе кои ќе го прават тоа, за одредување на првата групација од вработени од 30 отсто кои ќе работат од дома, а кои поради тоа ќе мора да имаат и намалени плати.

Синдикатите жестоко се спротивставија на ваквите владини намери, за кои власта рече дека се само препораки. Под овој притисок владините функционери смируваа дека никој нема да биде избркан ниту дека ќе му се намали платата, туку тоа ќе им се случи само на менаџерите со високи плати во загубарските јавни претпријатја и друштва во дравна сопственост.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите