Тилерсон за прв пат во Москва - Ќе има конфронтација или колаборација со Русија?
Објавено во: Свет 11 Април, 2017
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон пристигна во прва посета на Москва на која ќе биде поставен „тонот“ за идните односи со Руската Федерација, Домаќините овој пат направија конструктивен чекор и повикаа да има соработка меѓу двете светски сили, наместо конфронтација..
Американскиот државен секретар утре ќе има средба со рускиот колега Сергеј Лавров. Според руското Министерство за надворешни работи Лавров и Тилерсон ќе разговараат за украинската криза и конфликтот во Сирија, борбата против тероризмот, како и за Либан Јемен, Авганистан и Северна Кореја.
Пораптролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека не знае дали Тилерсон ќе има средба со претседателот Владимир Путин.
Руското МНР најави подготвеност за „што е можно најотворен дијалог“.
Во соопштението од МНР на Русија се изразува крајно загриженост од можноста САД да одлучат да преземат еднострана воена операција против Северна Кореја.