27 Април, 2024
0.0288

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал трчаше на Скопскиот маратон за поддршка на деца со Даунов синдром и интелектуална попреченост

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

41 вработен трчаа за да им овозможат на децата од Посебното основно училиште „Др. Златан Сремец“ да учествуваат на 12. Меѓународен специјален атлетски фестивал во Истанбул, Турција.

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година учествуваше на Скопскиот Wizz Air маратон, што се одржа на 6 мај, 2018 година. Вработените трчаа со голема мотивација да ја завршат трката, затоа што за секој истрчан километар на маратонците се донираа по 360 денари за децата и младинци од Посебното основно училиште „Др. Златан Сремец”. Износот на вкупната донација изнесува 75.000 денари. Средствата од донацијата ќе се искористат за купуавање на авионски билети за учество на десет деца и младинци на овој меѓународен атлетски фестивал, во придружба на шест дефектолози. „Учеството на овој маратон за нас не е само обична спортска-тим билдинг активност, за нас секогаш е предизвик повеќе. Традиционално секоја година, Банката ги мотивира своите вработени што помасовно да учествуваат на овој голем настан, одвојувајќи финансиски средства за секој истрчан километар. Па така, оваа хуманитарна трка, освен лична сатисфакција, претставува и предизвик за хуманост. Нашите вработени и овој пат покажаа дека се подготвени да одговорат на предизвици и надвор од нивните секојдневни работни обврски. Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија ја покажа својата посветеност кон општестото со обрнување внимание на децата со Даунов синдром и интелектуална попреченост, овозможувајќи им учество на 12. Меѓународен специјален атлетски фестивал во Истанбул“ - изјави Катерина Петровска, Раководител на Дирекцијата за маркетинг. Воедно, оваа трка претставува дел од програмата „Време за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал како дел од интернационалната програма на групацијата Сосиете Женерал, во која вработените доброволно го минуваат своето време во спортски, едукативни и хуманитарни активности. Минатата година, тимот на Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за Здружението на слепи лица на Република Македонија за набавка на машини за пишување. Охридска банка Сосиете Женерал останува посветена на своите заложби да дејствува како одговорен корпоративен граѓанин кој постојано придонесува во заедницата во која работи, а со тоа и да претставува пример за добри општествени практики.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“