03 Мај, 2024
0.0411

„ТИТО, мојот последен херој“-Роман кој открива скриени вистини за светската легенда од кои застанува здивот

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

По цели четири децении, авторот Зоран Спасов – Ѕов во неверојатниот роман „ТИТО, мојот последен херој“ ги открива тајните на една од најголемите светски личности, Јосип Броз-Тито.

Сите големи тајни на еден од најголемите државници на сите времиња, Титовата последна исповед на смртната постела во болницата во Љубљана ги открива лекарот Филип Ристовски, кој своевремено слушна нешта за кои беше забрането да се зборува дури 40 години. До денешен ден останаа намерно заборавени и длабоко закопани вистини од кои се леди крвта.

                                                                  * * *

Во книгата на повеќе од 200 страници ќе прочитате докази и за мрачната страна на Тито кои малкумина ја знаат, но има и живи сведоштва за неговата големина што ќе го надживее илјадници години.

„ТИТО, мојот последен херој“ сведочи за сите негови венчани и невенчани жени, за македонското прашање и седумте сценарија по кои ние никогаш не би сме имале држава, за неговата најголема љубов што ја закопал во својот двор, за егејското прашање, за тоа кој ја уништи идејата Македонија да излегува на Црно и Егејско Море, за религијата, за сите свои грешки и покајанија, за тоа како ги „превесла” Черчил и Сталин…

Ова е само вовед за новиот роман што поместува многу граници – историски, љубовни, воени, морални, маалски, одмазднички…

„ТИТО, мојот претпоследен херој” на Зоран Спасов-Sоф, во издание на „Арс ламина“, можете да го најдете во книжарниците на literatura.mk.

Средствата од авторските права и од продажбата на книгата ќе бидат наменети за СОС Детско село Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ