Тодор Петров: Уставниот суд ќе решава за нелигитимниот спикер Џафери
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2017
Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес смета дека Талат Џафери е нелигитимен претседател на Собранието на Република Македонија без оглед што одлуката е веќе објавена и испечатена во Служениот весник со што стапува на сила.
- Денес поднесов иницијатива до Уставниот суд и сметам дека сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за поништување на одлуката за избор на претседател на Собранието, Талат Џафери нема никаков легитимитет лажно да се претставува како претседател на Собранието бидејќи неговиот, јас не велам избор, прокламација на неопределен број пратеници е извршен во спротивност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието, изјави Петров за ТВ Нова.
Тој додава дека се прекршени голем број на одредби од Уставот, законите и Деловникот на Собранието за што може да се покрене и кривична одговорност.Во меѓувреме Талат Џафери во полн капацитет ја врши функцијата собраниски спикер, оствари голем број на средби со политичари и дипломати, а му испрати и писмо на претседателот Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и дека треба да го додели мандатот за формирање нова влада.