19 Јануари, 2025
0.0253

Тодоров смирува – немало лекарски грешки во Битолската болница

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Никола Тодоров ја посети Клиничката болница-Битола. Вели , ова е еден од трите врвни здравствени центри и не смее да се дозволи да има сомнеж од било кој аспект. Болницата работи во согласност со протоколите и медицината базирана на докази, смета Тодоров на кого друштво при посетата му правеа тим експерти од терцијарното здравство од Скопје. Посетата на Битолската болница доаѓа по смртните случаи на  неколку лица кои се случија во последниот период, непосредно по третман во болницата. Тодоров најави дека дополнително ќе бидат направени и други испитувања за да се утврдиме дали има одредени проблеми во работата на медицинскиот кадар. „Договорено е со докторите од судска медицина од Скопје да одржат посебен состанок со судска медицина во Битола за да ги видат фактите, договорено е Државен санитарен и здравствен инспекторат да направи детален увид на целата документација, а со нас има и инспектори од Бирото за лекови кои ќе земат примероци од инфузиите што се даваат и користат во Клиничка болница-Битола бидејќи тоа се инфузии кои се користат во цела Македонија и затоа сакаме да исклучиме секаква негативна можност“, соопшти Тодоров. Тој додаде дека не смее да се врши притисок врз здравствените работници, а ако има сомневања за лекарска грешка треба да поведе соодветна постапка и да се докаже на суд. „Не треба туку така луѓето да се обвинуваат дека направиле нешто, треба да се спроведе законска процедура за да се дојде до вистината. Не смееме да дозволиме да се шират невистини бидејќи тоа е недозволиво во здравството, особено не за еден врвен медицински центар“, рече министерот. Последбниве три месеци имаше четири смртни случаи во оваа болница. Во август почина 60-годишник поради погрешна терапија. Изминатите два дека, во рок од 24 часа од стомачно и мозочно крвавење имаше два смртни случаи. Пред неколку дена почина и 29 - годишен пациент поради аневризма.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ