Томор Морина нема да се екстрадира во Србија
Објавено во: Македонија 07 Август, 2019
Кривичен одлучи Toмор Морина, поранешниот припадник на ОВК кој беше уапсен на Блаце да не се екстрадира во Србија.
Не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Морина во Србија, соопштуваат од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје.
„Советот постапувајќи по барање на Министерството за правда и по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донел решение дека не се исполнети условите за екстрадиција“, информираше Основен кривичен суд – Скопје.
Мерката притвор за Морина продолжува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна и на Врховниот суд, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.
Морина беше уапсен на 24 јули на граничниот премин Блаце врз основа на меѓународна потерница на Интерпол издадена од Србија поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.