Тони Блер не се воздржувал да ужива на трошок на државата
Објавено во: Свет 29 Април, 2013 10:11
Британските медиуми објавија дека го „фатиле“ поранешниот премиер Тони Блер како не се воздржувал да ужива на трошок на државата.
Електронската пошта до која дошол весникот „Телеграф“ покажува дека поранешниот премиер удобно се сместил во резиденцијата на Амбасадата на Британија на Филипините и тоа за време на приватна посета на земјата.
Вината за тоа, според британските медиуми, ја сноси и тамошниот амбасадор на земјата, бидејќи го угостил Блер, додека таков третман не би можел да има некој друг Британец.
Блер на Филипините добил хонорар од речиси 480.000 евра и тоа за два получасовни говори, но не мораше да ги троши своите „тешко“ заработени пари на скапи хотели, тоа го зел од државата очигледно во надеж дека никој нема да го открие.
Поранешниот премиер на Британија и неговата придружба на тој начин во државен трошок уживале во службената резиденција, во приватната градина, тениските терени и луксузниот апартман.
„Телеграф“ наведува дека врз основа на законот за слобода на пристапот на информации добил е-мејл со преписка во која се гледа и тоа дека Блер во Манила одлетал со приватен авион.
Оваа посета била во 2009 година, две години откако Блер заминал од Даунинг стрит, односно откако е завршен неговиот премиерски мандат.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




