ТОНИ ЦЕТИНСКИ ЌЕ ПЕЕ ВО ДРУШТВО НА ИНСПЕКТОРИТЕ: Пазарната инспекција во контрола на Интермецо
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2020
Пред почетокот на концертот на хрватскиот пејач Тони Цетински, во кафе-барот Интермецо пристогнале инспектори од Државниот пазарен инспекторат, пишува вечерва Телма.
Инаку Владата пред околу еден час ги прифати новите рестриктивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти.
Во текот на вчерашниот ден Пазарниот инспекторат направил повеќе од 100 контроли во угостителски објекти ширум Македонија.