17 Мај, 2024
0.0251

Топ 7 најкорисни намирници за во пролет

Објавено во: Стил 17 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Во почетокот на пролетта се препорачува забележително присуство во менито со храна на неколку намирници. Тие не се дефицитарни и нема да ви предизвикаат „главоболка поврзана со паричникот“, што значи дека секој може да си ја дозволи.

Ви ги пренесуваме седумте најкорисни намирници:

Зелка - шампион по содржина на витамин Ц. „Во зима зелката губи околу 30% од содржината на витамин Ц, но независно од тоа само 100 грама од корисниата зеленчук ја обезбедува дневната потреба на организмот од овој витамин“, тврдат експертите. А во киселата зелка, потсетуваат тие, витаминот се задржува во целост.

Лимоните се другиот дарежлив извор на витамин Ц и прекрасно го задржуваат во оваа сезона без да ги губат корисните квалитети. Освен тоа внатрешноста на лимонот, кој е богата со пектин, позитивно влијае на кардио васкуларниот систем, а лимонската кора добро го одржува тонусот на најтенките капилари.

Грашок - обичен, но многу корисен и богат со азот производ, кој не ги губи квалитетите при конзервирање. Додавајте го често во различни јадења.

Марула и разни лиснати салати - богати се на аскорбинска киселина, витамини од групата Б, најмоќниот антиоксидант витамин Е. Не пропуштајте го зеленчукот со киселинка како киселица, кој е прогласен за еден од главните помошници на организмот во борбата со пролетната авитаминоза.

Не помалку корисни за организмот на човекот во пролет се ротквици и доматите. Овие производи содржат специфични компоненти, кои ги штитат од воспаленија и инфекции.