ТОП ДЕСТИНАЦИИ ЗА 2017: Овој град од Балканот котира високо
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2017
Светскиот туристички водич Lonely Planet на врвот на листата со најпопуларни и највозбудливи дестинации, го смести и градот Загреб.
Тој се вбројува во недоволно истражени европски дестинации кои треба да се посетат.
Загреб е избран за прв во конкуренција на десет градови.
Се наведува дека градот има убава архитектура и улична уметност.
На второ место е шведската покраина Готланд, трета е Галиција во Шпанија, на четврто место е северот на Црна Гора, а петти е британски Лидс. Алентејо од Португалија е следен на листата, потоа северна Германија, Молдавија, кипарски Пафос, и француски Л Хавр.