Топ дестинација за Арапите на Балканот
Објавено во: Балкан 30 Април, 2018
Оваа година БиХ очекува поголем број арапски туристи.
Тие најчесто ги посетуваат Сараево, Мостар, Благај и Бихаќ.
Од јуни компаниите од арапските земји ќе го зголемат бројот на летови до БиХ, за да туристите полесно стигнат во земјата.
Туристи од Кувајт доаѓаат за да уживаат во убавините на БиХ.
Арапските туристи бираат големи куќи и ги изнајмуваат, а во земјата остануваат од 7 до 20 дена.
Луѓето кои веќе издавале куќи на Арапи велат дека тие тука создаваат и пријателства поради што сакаат и да се вратат.