19 Март, 2024
0.0278

ТОПЛОТЕН БРАН НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА: Министерството за здравство апелира да се минимизираат ризиците по здравјето на луѓето

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи целата територија на Република Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела) во портокалова фаза и за нив важат објавените препораки од МЗ, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. 

Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони од Републиката, Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката, и соодветно препораките на Владата од среда до недела (29.07-01.08.2021 година) важат следните препораки: 

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се - бремените жени и лицата на возраст над 60 години. 

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници. 

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 

Согласно добиените информации Владата на Република Северна Македонија одлучи 

1. Државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките. 

2. Во исто време, Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 

3. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија. 

 4. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот. 

5. Владата зазема став сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. 

Потсетуваме дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се: 

1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. 

 2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. 

3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. 

4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. 

5. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. 

6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. 

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се: 

1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба. 

2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус. 

3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Исто така, информираме дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. 

Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат. 


Можеби ќе ве интересира

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа

КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД