Тортевски на Твитер: Тоа што Катица слободно се сонча значи дека некого многу сериозно уценува
Објавено во: Македонија 10 Август, 2019
Адвокатот Александар Тортевски за случајот „Рекет“ денеска објави три твитови на својот Твитер профил.
Во првиот споменува дека „Тоа што Катица сега слободно се сонча во Калитеа значи само едно. Некого многу сериозно го уценува“.
Потоа пишува дека „Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не и дозволат да влезе внатре“.Додека во третото продолжение пишува дека „Сега треба Специјално јавно обвинителство што ќе ги истражи кривичните дела што потекнуваат од содржината на разговорите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“.