(ФОТО) Париз како во пеколот: Загинати при пожар во зграда
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
27 повредени меѓу кои се вбројуваат и тројца пожарникари, но и 7 загинати е билансот од пожарот кој избувна во станбена зграда во Париз.
Билансот на жртвите во огнената стихија може да биде поголем, имајќи предвид дека огнот се уште не е изгаснат на седмиот и осмиот кат од зградата, која се наоѓа во југозападниот дел од Париз, пишуваат медиуми од светот.
Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, по што интервенирале ококолу 200 пожарникари.
Пожарникарите спасиле триесетина лица, кои побегнале на покривот од зградата. Евакуирани се и соседните згради.
Во моментов повеќе улици во овој луксузен кварт на Париз се блокирани од полицијата и пожарникарите.
На 12 јануари во силна експлозија на гас во Париз загинаа четири лица.