Трагедија во Хрватска: откако го видел својот брат мртов и тој починал
Објавено во: Балкан 05 Март, 2018
Страшна трагедија ја потресе Хрватска.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, вчера во 19 часот и 40 минути од Планинарско друштво примиле дојава дека настрадал нивен планинар. Тој се лизнал на ледот и на лице место останал мртов.
Неговото семејство отишло да го бара, а кога братот го видел мртов, доживеал срцев удар и починал на лице место.
Двајцата браќа се планинари од Сплит на возраст меѓу 55-60 години.