04 Мај, 2024
0.0265

ТРАМП И МЕРКЕЛ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ: Тие се целосно различни, а од нив зависи судбината на Западот!

Објавено во: Свет 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп и Ангела Меркел не можат да бидат поразлични по прашањата за политика, ставови и темперамент.

Во вторникот американскиот претседател ќе ја угости германската канцеларка и ќе се обиде да открие дали постои можност тие двајца да се сложат околу нешто.

Скриеното водство на Меркел концентрирано на детали и овозможило на чело на германската влада да се наоѓа веќе 11 години. Таа е во целосен контраст со спонтаниот Трамп, кој е политички почетник, а својата реторика ја заснова на провокативни и често непромислени коментари.

На политички план, нивните ставови се разминуваат по прашањата за мигрантите, трошење на средствата на одбрана, важноста на Европската унија и глобалната економија.

„Да кажеме дека нивниот однос бил климав од почетокот, би било еуфемизам на годината“, рекол Михаел Бренинг, директор на одделението за надворешна политика на „Friedrich Ebert Stiftung“ , берлинска „think tank“ организација, поврзана со Социјалдемократската партија,

„Тие меѓусебно се критикуваа пред претседателските транзиции, за време на нивното траење и после тоа, и продолжуваат со тоа. Меркел и Трамп се спротивности на повеќе нивоа“, рекол тој.

Сите очи ќе бидат вперени во Вашингтон утре бидејќи од состанокот на лидерот на САД и лидерката на најмоќната земја во ЕУ зависи какви односи ќе имаат САД и ЕУ, кои важат за големи сојузници.

Дали нивниот однос ќе се влоши или подобри е многу важно и за борбата против терористичките закани кои се повеќе се јавуваат и во САД и во земјите на ЕУ.

Трамп жестоко ја критикуваше нејзината мигрантска политика и дури ја обвини дека ја уништува Германија.

Меркел не му остана должна и му возврати со критики на предложените забрани за влез на мигранти од муслиманските земји во САД.

Посетата на Меркел ќе биде шеста посета на Трамп со светски лидери од инаугурацијата.

Претходно се состана со британската премиерка Тереза Меј, јапонскиот премиер Шинзо Абе, канадскиот премиер Џастин Трудо, израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху и претседателот на Перу Пабло Кучински.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“