02 Мај, 2024
0.0260

Трамп: Изборите завршија, народот се изјасни - Пребројувањето е смешно

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

За Доналд Трамп, кој во јануари треба да ја преземе функцијата претседател на САД, барањата за пребројување на гласовите во сојузната држава Висконсин се смешни. Иницијативата ја покрена Џил Стејн кандидатката на зелените.

„Народот се изјасни и овие избори завршија“, се истакнува во соопштението на победникот на најнеизвесните американски избори во историјата Доналд Трамп.

„Како што Хилари Клинтон (демократската кандидатка – з.р) самата кажа во изборната ноќ, признавајќи ја победата и честитајќи ми: ’мораме да го прифатиме овој резултат и де се свртиме кон иднината’“, додава Трамп во писмената изјава.

Џил Стејн во петокот официјално поднесе барање за повторно пребројување на гласовите од претседателските избори од сојузната држава Висконсин, што според нејзината изјава би требало да започне „следната седмица“. Нагласи дека некои „изборни стручњаци утврдиле статистички неправилности кои предизвикуваат загриженост“.

Изборната комисија во Висконсин, во северниот дел на САД, потврди дека се „подготвува за повторно пребројување на гласовите“ согласно барањето на кандидатката на Зелените.

Стејн побара и ново пребројување и во Мичиген и во Пенсилванија, другите две држави во кои Трамп освои тесно мнозинство. За новото пребројување на го промени исходот од изборите, резултатот во сите овие три држави треба да биде во полза на Клинтон.

Претставникот на кампањата на Хилари Клинтон потврди дека таа ќе присуствува на новото пребројување на гласовите во државата Висконсин.

„Имајќи предвид дека во Висконсин е побарано ново пребројување на гласовите, ние ќе учествуваме за постапката на се спроведе на праведен начин за сите страни. Доколку Џил Стејн го спроведе она што го најави и побара пребројување и во Пенсилванија и во Мичиген, и во тие држави така ќе постапиме“, изјави адвокатот Марк Ерик Елијас.


Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си