04 Мај, 2024
0.0264

Трамп предлага „темелна проверка“ за влез во САД

Објавено во: Свет 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп повика синоќа во Охајо за „темелна проверка“ на имигрантите кои сакаат да се населат во САД, и вети дека ќе ги блокира сите оние кои сочувствуваат со екстремистички групи или не ги почитуваат американските вредности, јави AP.

Во говорот, во однос на неговата идна надворешна политика, кандидатот за претседател на САД на републиканците објасни дека предложената политика ќе бара прво привремено запирање на имиграцијата од опасни подрачја во светот.

Советници од кампањата на Трамп објаснија дека нов „идеолошки тест“за прием во САД ќе ги проверува кандидатите за позициите за прашања како верската слобода, еднаквост меѓу половите и правата на хомосексуалците.

Владата ќе користи прашалници, социјални медиуми, интервјуа со пријатели и членови на семејствата или други методи да утврди дали кандидатите и гподдржуваат американските вредности како толеранција или плурализам. Предвидено е исто САД да одбиваат визи во случаи кога е невозможно да се направат проверки.

Републиканскиот кандидат рече дека ќе побара од Стејт департментот листа на регионите, каде во моментов проверките не се доволни и дека ќе ја запре привремено миграцијата од земјите кои се познати со извоз на тероризам.

Трамп вети дека важна компонента на надворешната политика ќе биде прекин на ширењето на радикалниот исламски тероризам преку ограничување на пристапот до интернет. „Не треба да дозволиме интернет да се користи како средство за регрутирање на терористи“, истакна тој, цитиран од агенциите.

Трамп исто така, рече дека соперничката Хилари Клинтон не ја поседува „психичката и физичката сила“ да се спротивстави на „Исламска држава“ и дека уништувањето на терористичката група ќе биде во центарот на неговата надворешна политика како претседател. „Секоја земја која ја дели оваа наша цел, ќе биде наш сојузник“, додаде тој, наведувајќи ја особено Русија како земја со која САД треба да имаат добри односи.

Трамп го обвини претседателот Барак Обама и поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, негова соперничка за претседателската функција, дека нивната политика доведе до дестабилизација на Блискиот Исток и појавата на „Исламска држава“. Кон катастрофалните грешки на САД во надворешната политика, кои предизвикале раст на тероризмот, републиканецот ги издвојува интервенциите во Ирак и Либија.

Трамп ја ревидира досегашната позиција за НАТО и рече дека ќе работи во тесна соработка со НАТО сојузниците за искоренување на ИСИС. Пред тоа тој се закани дека САД нема да ги извршуваат своите должности по Северноатлантскиот договор, навлекуваат си остри критики од сојузниците.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“