ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Америка е под вода
Објавено во: Свет 13 Јули, 2019
Тропската бура Бери се зајакнува додека се приближува кон крајбрежјето на Луизијана, а се очекува да се создаде ураган денеска кога ќе допре до тлото.
Ветровите се движат со брзина од 100 километри на час.
Бурата беше на 155 километри југозападно од реката Мисисипи, со силни ветрови од 85 километри на час.
Претседателот на Америка, Доналд Трамп веќе прогласи вонредна состојба во Луизијана.
Ураганот Бери се приближува и во Њу Орлеанс чии жители минатите денови веќе се соочиле со обилни поплави. Во Њу Орлеанс се подготвуваат обилни и силни врнежи.
Евакуирани се околу 10.000 лица во овој регион.