Трамп, Путин и Косово: Решение на вековниот проблем во две минути разговор
Објавено во: Свет 05 Јули, 2018
Очигледно една од најдолго очекуваните средби меѓу лидерите на двете најмоќни земји во светот е клучна за иднината на Балканот.
Додека властите во Приштина и Белград се обидуваат да дојдат до спогодба, изгледа дека средбата на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде клучна за ова прашање.
Голем број српски аналитичари сметаат дека би било добро за Србија ако на средбата лидерите одвојат барем две минути и позборуваат за состојбата на земјите од Балканот, особено за косовското прашање.
Според нив, учеството на Вашингтон и Москва може да придонесе да се реши вековниот проблем до крајот на годината, бидејќи учеството ЕУ според нив досега не донело позитивни резултати.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку месеци го даде својот став за Косово на рускиот претседател и неколку најблиски соработници на Трамп, а од друга страна вчера Енвер Хоџај, косовскиот заменик претседател изрази жалење што 5 земји членки на ЕУ кои не го признале Косово, немаат намера тоа да го направат до краот на 2018 година.