ТРАМП СЕ ОГЛАСИ: Ова не е уредба против муслиманите, овде не се работи за вера, туку за терор!
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2017
По бурните реакции и протести кои ги предизвика уредбата за забрана на влез во САД на граѓаните на седум муслимански земји, се огласи и претседателот Доналд Трамп, кој во пишаното соопштение изјави дека тоа не е забрана насочена против муслиманите, туку уредба за безбедноста на државата.
„Да биде јасно, ова не е забрана против муслмани, како што медиумите погрешно пренесоа. Овде не се работи за вера, туку за терор и зачувување на државата безбедна.
Во повеќе од 40 земји ширум светот, кои не се опфатени со уредбата, мнозинството го сочинува муслиманско население“, напишал Трамп во соопштението.
Како што се наведува, Трамп додал и дека визи повторно ќе им се издаваат на земјите од листата, тогаш кога се преконтролираат и имплементираат безбедносни политики во наредните 90 дена.
Извршната уредба Трамп ја потпиша во петокот и со неа се забранува на имигранти од седум земји со претежно муслиманско население да влегуваат во САД.
Таа уредба предизвика бурни реакции во јавноста, но и протести на аеродромите и градовите во САД.