ТРАМП СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Им се извини на Србите-а еве и зошто!
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2016
Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп јавно и се извини на соседна Србија, поради како што вели бомбардирањето во 1999 година.
„Морам пред се, да ви кажам дека бомбардирањето на Србите, кои беа наши сојузници во двете светски војни, беше голема грешка. Србите се многу добри луѓе. За жал, администрацијата на Клинтон им нанесе многу зло, но и на целиот Балкан, од кој направија хаос. И претходно им се извинував на Србите поради американската, посебно Клинтонова политика кон нив. Ќе ја зајакнам нашата врска со владата во Белград. Кога ќе го преземам управувањето со земјата, целиот курс на американската надворешна политика ќе биде подобар отколку што е сега“, рекол Трамп.
Тој се осврнал и на својата претседателска кампања, истакнувајќи дека нема во план да го забави темпото.
„Мојата кампања е подобра од било кој републикански кандидат. Добив повеќе гласови за републиканска номинација од сите во историјата. И Демократската и Републиканската партија мора да сфатат дека не е лесно да се покренат, а уште полошо да се запрат. А јас не планирам да запрам“, заклучува Трамп во ексклузивно интервју за Неделен весник.