Три држави го напуштаат доларот во меѓусебната трговија
Објавено во: Економија 12 Септември, 2018
Турција, Русија и Иран го напуштаат доларот во меѓусебната трговија.
Како замена ќе ги користат локалните валути.
Се очекува овој договор брзо да стапи на сила.
Договорот ќе се однесува и ќе важи за тргување со нафта, гас, со други средства и некои банкарски работи.
Трансакциите ќе се вршат врз однапред утврден курс.
Пред неколку дена турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган повика да се тргува во локални валути.