ТРИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА НА ПАТОТ ОХРИД - КИЧЕВО: Едно лице повредено (Видео)
Објавено во: Македонија 21 Август, 2023
Три возила се судрија вечерва кај селото Горенци на регионалниот пат Охрид – Кичево, а едно лице е повредено.
Поради несреќата сообраќајот се регулираше наизменично и поради тоа течеше отежнато. Ова влијаеше и приливот на возила во Охрид да се одвива забавено.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди за Охрид њуз дека едно лице е повредено. На местото на несреќата е извршен полициски увид, како и увид од страна на обвинител. Порталот објави и кусо видео од местото на собраќајната незгода.
Фото: Принтскрин/Фејсбук