05 Мај, 2024
0.0265

Трифонов бара да го вратат ветото и порачува дека таму каде има еден Бугарин таму е Бугарија

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифунов бара Бугарија веднаш да го врати ветото на Македонија за Европската Унија(ЕУ). 

Според него, новото Народно Собрание треба веднаш да го врати ветото.

„Собранието во Северна Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Кои, патем, се и херои на нивната нешто подалечна историја. Оти ​​што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој? Прогонот против сè што е бугарско во Северна Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери. Што не е изненадување. Доколку Европската Унија сè  уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Северна Македонија за членство во Унијата. Северна Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за унија каде што човековите права и правото на самоопределување се основни. На Бугарија ѝ е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на објаснување вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во нашата земја. Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Северна Македонија. Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е – дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.

Македонската власт и опозиција се едногласни во однос на имињата на ваквите здруженија. Клуб со спорно има се отвори во Битола, во Охрид, а има најава дека таков ќе се отвори и во Богданци. 

Бугарските политичари не запираат со провокации, и по говорот на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, во кој тој го навредуваше македонскиот премиер Димитар Ковачевски, и покажа карта на голема Бугарија, македонското Министерство за надворешни работи(МНР) најави протестна нота. 

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца